Без печење направете кремаст колач во слоеви.
Состојки:
- 3 мали пакувања пишкоти
- 800 мл млеко
- 2 пудинга од ванила
- 1 лажица густин
- 5 лажици шеќер
- 180 гр шлаг
- 250 гр маргарин
- 70 гр шеќер во прав
- 250 мл млеко за потопување на пишкотите
Начин на подготовка:
- Ставете 600 мл млеко да зоврие, а во останатите 200 мл разматете пудинг, густин и шеќер. Кога млекото ќе зоврие згответе пудинг и оставете целосно да се излади.
- Посебно разматете маргарин на собна температура со шеќер во прав, па постепено додавајте пудинг. Разматете шлаг и во пудингот додајте 2 полни лажици разматен шлаг, соединете со миксер и филот е спремен.
- Пишкотите потопете ги во топло млеко и редете на тацна половина од пишкотите, потоа половина од жолтиот фил, па половина од шлагот. Повторете ја постапката уште еднаш и оставете го колачот во фрижидер на минимум 4 часа да се излади.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
https://youtu.be/TD_w2ctu0hU