За 20 минути подгответе вкусно тесто полнето со џем.
Состојки:
- 250 гр крем сирење
- 200 гр брашно
- 1 јајце
- 50 гр шеќер
- масло
- 30 гр павлака
- 10 гр ванилин шеќер
- 10 гр прашок за печиво
- сол
- 10 гр шеќер во прав
- 50 гр џем од кајсии
Начин на подготовка:
- Во еден сад измешајте крем сирење, јајце, шеќер, ванилин шеќер, сол, прашок за печиво, масло и павлака. Добро измешајте, а потоа додајте брашно па замесете тесто со раце, развлечете го во облик на векна леб, па исечкајте парчиња од околу 1 см дебелина.
- Од секој дел со раце формирајте топчиња, па во средина направете вдлабнатини со прст. Редете на плех обложен со хартија. Печете на 180 степени 20 минути.
- Посипете со шеќер во прав, а вдлабнатините исполнете ги со џем.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Гурман“: