Совршени кокос рафаело коцки

Совршени кокос рафаело коцки

Толку сочни и лесни што се топат во уста…

Состојки:

  • 5 јајца
  • 300 гр шеќер + 5 лажици
  • 150 гр брашно + 5 лажици
  • 150 гр кокос + уште малку за посипување
  • 1/2 л млеко + 2 шолји
  • маргарин
  • шлаг или рендано чоколадо за декорација

Начин на подготовка:

  1. Разматете 5 белки, 200 гр шеќер, 150 гр брашно и 150 гр кокос. Ставете ја смесата во плех од рерна и печете на 180 степени. Кога кората ќе се излади прелијте со 2 шолји врело млеко.

     

  2. За филот, разматете 5 жолчки со 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно, потоа згответе во половина литар млеко додека не згусне како пудинг. Во изладениот фил додајте 1 разматен маргарин со 100 гр шеќер

     

  3. Филот премачкајте го преку кората и од горе посипете со кокос и рендано чоколадо. Доколку не сакате кокос, од горе ставете шлаг преку филот.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text