Компир и пилешко: Интересна комбинација од 2 состојки запечени во рерна

Компир и пилешко: Интересна комбинација од 2 состојки запечени во рерна

Едноставен, брз и вкусен ручек.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 2 батаци со карабатаци
  • 250 мл неутрална павлака
  • 100 мл млеко
  • 200-250 гр кашкавал
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Батаците обварете ги, а компирите изрендајте ги. Во голема тепсија на дното наредете компири, намастете, посолете и побиберете. Ставете уште некои зачини ако сакате. Потоа од месото отстранете ја кожата и со раце исцепкајте го месото, одвојте го од коски и ставете преку компирите. Прелијте со неутрална павлака и измешајте.

     

  2. Ако процените дека нема доволно течност додајте малку млеко. Печете на 200 степени 20-25 минути, а пред крај додајте рендан кашкавал.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Валентина“:

https://youtu.be/wBxLijg-_Tk

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text