Неодолива Рафаело торта…
Состојки:
- 9 белки
- 15 лажици шеќер
- 3 лажици лебни трошки
- 300 гр кокос + малку за декорација
- 1,5 л млеко + 3 дл за корите
- 200 гр густин
- 250 гр маргарин или путер
- 100 гр шеќер за кремот
Начин на подготовка:
- За бисквитот, направете снег од 3 белки, додајте 5 лажици шеќер, 1 лажича лебни трошки и 100 гр кокос.
- Печете во загреана рерна на 180 степени 10-15 минути. Готовиот бисквит натопете го со 1 дл ладно млеко.
- Испечете 3 кори. За кружен калап размерот е 26 см.
- За кремот, во 1,5 л млеко згответе густин. Изладете и додајте маргарин.
- Наредете: кора, фил, кора фил, посипете со кокос и добор изладете.
Уживајте!