Крцкави мини крофни од 4 состојки

Крцкави мини крофни од 4 состојки

Можат да бидат слатки или солени, а се подготвуваат многу лесно.

Состојки:

  • 1 шолја брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 шолја јогурт
  • малку вода

Начин на подготовка:

  1. Измешајте прашок за печиво и брашно, па додајте јогурт. Соединете, па ставете малку вода. Мешајте додека не добиете лепливо тесто. Вода ставете само додека не добиете такво тесто, не треба многу.

     

  2. Ставете во кеса за украсување колачи, па ставајте од смесата во тенџере со загреано масло. Кратко пржете и вадете на хартиени салфети.

     

  3. Можете да ги прелиете со чоколадо, мед, џем или да ги јадете со нешто солено.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text