Мека погача со кисело млеко: На маса за 30 минути

Мека погача со кисело млеко: На маса за 30 минути

Вкусна и мека погача со кисело млеко.

Состојки:

  • 300 гр бело брашно
  • 3 јајца
  • 250 мл кисело млеко
  • 150 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Во вангла ставете брашно, прашок за печиво и сол па измешајте и додајте ги останатите состојки. Намастете тепсија и ставете го тестото.

     

  2. Вклучете ја рерната на 220 степени и кога ќе се загрее ставете ја погачата да се пече додека убаво не порумени. Послужете топла со кајмак, домат, млад кромид.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко