Универзален рецепт: Како да направите меко тесто за кифлички и пирошки

Универзален рецепт: Како да направите меко тесто за кифлички и пирошки

Рецепти за теста од кои можете да направите повеќе различни печива секогаш добро доаѓаат кога сакате да ја збогатите вашата трпеза со различни вкусови и облици.Од ова тесто може да се прават пирошки, кифлички, пица…

Состојки:

  • 1 чаша кефир, може и јогурт
  • 1/2 чаша масло
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 3 чаши брашно

Начин на подготовка:

  1. Кефирот измешајте го со масло и малку загрејте, да биде топло. Додајте сол и шеќер и измешајте. Квасецот измешајте го со просеано брашно и додајте во претходната смеса. Измешајте со лажица, прекријте со алу фолија или крпа и оставете на топло место половина час.

     

  2. За тоа време тестото ќе се зголеми 3 пати. Од ова тесто обликувајте пирошки, кифлички, пица…

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text