Доколку сакате месо, тогаш сигурно ќе го обожавате ова јадење.
Состојки:
- 400 гр мелено месо
- 4 чешниња лук
- 250 гр сува сланина
- 100 гр сирење
- малку краставички
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Во меленото месо ставете издробен лук, додајте сол и бибер.
- Раширете алуминиумска фолија на маса, па наредете листови сланина и преку ставете го меленото месо. На дното ставете сирење и краставички во облик на стапчиња, свиткајте во ролат заедно со фолијата.
- Печете на 220 степени околу еден час. Печете половина час, па тргнете ја фолијата и запечете убаво да порумени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: