Здрав десерт: Крем од авокадо, банана и какао

Здрав десерт: Крем од авокадо, банана и какао

Вкусен и здрав десерт – крем од авокадо, банана и какао.

Состојки:

  • 2 зрели авокада
  • 1 банана
  • 25 гр какао
  • 60 мл кокосово млеко
  • 2 лажици мед
  • 1 лажичка ванила

Начин на подготовка:

  1. Авокадото и бананата излупете ги и исечкајте ги на мали парчиња. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека смесата не стане глатка. Ако сакате кремот да не биде многу густ, додека блендирате додајте уште малку млеко. Префрлете во стаклени садови па добро разладете во фрижидер.

     

  2. Пред послужување посипете со сечкани ореви.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text