Вкусен десерт во две бои: Одличен колач со јогурт и мак

Вкусен десерт во две бои: Одличен колач со јогурт и мак

Подготовката е едноставна, а вкусот е фантастичен.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 100-150 гр шеќер
  • 150 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 100 гр мелен мак
  • 100 гр суво грозје
  • 250 мл јогурт
  • 1 лажица кисела павлака
  • 100 мл маслиново масло
  • малку цимет
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте ванилин шеќер, брашно со прашок за печиво, масло и добро изедначете. Кружен плех обложете со хартија, па ставете 2/3 тесто во плехот и распоредете.

     

  2. Во останатиот дел од тестото додајте мелен мак, потоа суво грозје, малку цимет и лесно измешајте. Ставете на светлиот дел во плех и распоредете со лажица.

     

  3. Печете на 200 степени околу 45-50 минути. Кога ќе се излади во плехот превртете и отстранете ја хартијата, па посипете со шеќер во прав или растопено чоколадо.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text