Благите сите ги сакаме, а овие ќе ви бидат број 1 – Солени деликатесни еклери

Благите сите ги сакаме, а овие ќе ви бидат број 1 – Солени деликатесни еклери

Благите сите ги сакаме, а солените ќе ги обожавате. Солени еклери совршени и по Велигден.

Состојки:

  • 130 гр. пченично брашно
  • 200 мл. вода
  • 4 јајца
  • 125 гр. путер
  • 1 прстофат сол
  • 2-3 лажици мајонез за полнење
  • 125 гр. кашкавал
  • 4 варени јајца
  • 2 чешни лук

Подготовка:

  1. Се става путер во шерпа, вода и прстофат сол.
  2. Се вари додека зоврие и се намалува огнот на најслабо.
  3. Се додава брашно со константно мешање.
  4. Се прави тесто кое е меко и со мали грутки.
  5. Се трга од оган и се остава да се лади 2-3 минути.
  6. Се додаваат едно по едно јајцата во оладеното тесто.
  7. Се става готовото тесто во кесе за колачи или шприц и се прават различни форми.
  8. Се става хартија на плех и се редат еклерите на растојание.
  9. Се печат на загерана рерна на 220 степени, 10 минути.
  10. Се намалува потоа температура на 190 степени и се печат уште 20 минути најмногу.
  11. Се ренда кашкавал за филот, се рендаат варени јајца, се меша и се става сол.
  12. Се полнат со шприц еклерите.
  13. Горе за декорација ставете мајонез и сечен лук.

Ова е совршен рецепт и во периодот по Велигден, за да ги искористите варените јајца со голем деликатес.

 

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка