Мисиркина чорба со брокула

Мисиркина чорба со брокула

Вкусна чорба со мисиркино месо и брокула.

Состојки:

  • 200 гр мисиркино бело месо
  • 1 карабатак од мисирка
  • 1 пакување зеленчук за чорба
  • 1 мала брокула
  • вода по потреба
  • сол
  • сув зачин
  • малку рузмарин
  • бел бибер

Начин на подготовка:

  1. Месото налијте го со вода, малку посолете и ставете да се готви. Отстранете ја пената. Кога месото ќе омекне, извадете ги коските и исечкајте го ситно.

     

  2. Додајте исечкан зеленчук и продолжете со готвење уште 30 минути. Брокулата искинете ја на парчиња и додајте во чорбата. Гответе уште околу 10 минути да омекне брокулата.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула