Видео деликатес: Ролат пита полна спанаќ и сирење

Видео деликатес: Ролат пита полна спанаќ и сирење

Направете пита со панаќ и сирење по посебен рецепт.

Состојки:

  • ½ кг. тенки кори
  • 300 гр. спанаќ
  • 250 гр. сирење
  • 3 јајца
  • ½ прашок за пециво
  • масло

Подготовка:

  1. Се дроби сирењето и се меша со јајце, па прашок за пециво.
  2. Се вари и се сече спанаќот.
  3. Се додава во исрењето и се соединуваат со мешање.
  4. Се мататдве јајца со 30 мл. масло.
  5. Се отвара една кора и се премачкува со таа смеса со четка, па се става втора кора и пак се премачкува со смесата со јајца и масло. Корите се оставаат на страна.
  6. Се зема кора, се става од смесата со јајца, па фил. Се прави ролна.
  7. Така ќе направите 9 ролни.
  8. Се враќаат првите две кори во плех, па 4 ролни на нив. Се премачкува со јајцата, па горе се ставаат три ролни, па смеса со јајца па две ролни, па смеса с јајца па една ролна најгоре.
  9. Се прави ролат како на видеото и се премачкува со остатокот јајца.
  10. Се става сусам и семки по избор и се пече на загреана рерна на 200 степени околу еден час.

Добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории