Велики четврток – Прекрстете се и офарбајте јајца, ова се обичаите за големиот ден

Велики четврток – Прекрстете се и офарбајте јајца, ова се обичаите за големиот ден

Велики четврток е тежок ден во Христијанството, ден во најтешката последна недела пред големиот празник Велигден.
Од рано наутро на овој голем ден се вапцаат традиционално Велигденски јајца, пред се црвени, а потоа и по избор на секоја домаќинка.
Која техника и да ја користите и кои бои и да ги употребите, црвената е главна и мора да биде застапена, а црвено е и првото Велигденско јајце.
Првите бојосани јајца биле наменети за куќата, за Господ и по едно за секој член од семејството. Се верувало дека токму првобојадисаното јајце има голема заштитна моќ, па затоа било за заштита, за подобар род на полињата го закопувале во земја на лозјето или во нивата.
Пред да се офарба првото јајце домаќинката се прекрстува.
Јајцето се чува до следната година.

 

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

singlepost_text