Свинско месо и колбаси со зеленчук

Свинско месо и колбаси со зеленчук

Вкусно јадење за свечена трпеза.

Состојки:

  • 400 гр свински котлети
  • 4 колбаси Пекабеско (околу 400 гр)
  • 50 гр свинска маст
  • половина свежа црвена пиперка
  • половина свежа зелена пиперка
  • 15 гр црвен пипер
  • 15 гр лут црвен пипер
  • 2 главици кромид
  • 500 мл бело вино
  • 1 ловоров лист
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пиперките исчистете ги, измијте ги па исечете ги на коцки, а кромидот на тенки ленти. Во голема тава или лонец ставете лажица свинска маст па на неа пржете го месото и колбасите. Кога ќе бидат готови извадете ги на страна, но не ја фрлајте маста.
  2. На маснотијата додајте уште една лажица свинска маст, кромид, пиперки и мелен пипер. Така мешајте додека зеленчукот малку не омекне. Кога зеленчукот ќе омекне, додајте бело вино.
  3. Мешајте и гответе сè додека не зоврие и додека количината вино не се намали на половина. Кога ќе зоврие, додајте месо, колбаси и ловоров лист. Налијте вода колку да ги прекрие сите состојки, па зачинете со сол и бибер. Гответе на слаб оган 40-тина минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text