Колачи кои потсетуваат на детството: Десерт со ореви

Колачи кои потсетуваат на детството: Десерт со ореви

Направете колачи со ореви кои ќе ве потсетат на детството.

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 15 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • кора од лимон
  • 100 мл млеко
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 100 гр путер или маст
  • малку сол
  • 100 гр мелени ореви за фил
  • 1 белка или малку млеко за фил

Начин на подготовка:

  1. Квасецот потопете го во малку млака вода, додајте ги наведените состојки и замесете меко тесто. Оставете да одмори.

     

  2. Во оревите ставете шеќер по желба, белка или млеко и добро измешајте. Малку нараснатото тесто развлечете го на половина см, па со калап за крофни вадете кругови.

     

  3. Во средина ставајте ореви и редете во плех. Покријте малку да одморат.

     

  4. Намачкајте со масло па печете на 200 степени 25 минунти. Посипете со шеќер во прав и ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

singlepost_text