Ручек со пилешко месо – Супер идеја за месо со крем сос

Ручек со пилешко месо – Супер идеја за месо со крем сос

Направете вкусен ручек со пилешко месо.

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 парчиња пилешко месо
  • 1,5 мали шолји млеко
  • 1,5 мали шолји пилешка супа
  • 2 чешни лук
  • сол и бибер
  • 250 гр. макарони
  • пола мала шолја павлака
  • 1 мала шолја пармезан рендан

Подготовка:

  1. Се загрева масло во длабока тава, се става сеченото пилешко со сол и бибер.
  2. Се пржи околу 10 минути со мешање.
  3. Се лади потоа и трга на страна.
  4. Се става млеко во тавата каде го пржевме месото, пилешка супа и ситнет лук. Се става сол и бибер и се остава да зоврие.
  5. Се варат тестенините и се ставаат во тавата.
  6. Се меша павлака со пармезан и се додава.
  7. Се вари да се згусне.
  8. Се става месото на чинија, врз него прелив.

Добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории