Рафаело топчиња со јагоди

Рафаело топчиња со јагоди

Сте пробале ли некогаш рафаело топчиња со јагоди? Ако не, ви донесуваме рецепт за овој одличен десерт!

Состојки:

  • 200 гр бело чоколадо
  • 100 мл млеко за шлаг
  • 100 гр кокосово брашно
  • 50 гр крем сирење
  • 5 јагоди со средна големина
  • 50 гр кокосово брашно

Начин на подготовка:

  1. Јагодите измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги на ситни парчиња. На средно силен оган загрејте млеко за готвење да зоврие па прелијте преку исечканото чоколадо. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Измешајте кокосово брашно и крем сирење па покријте со пластична фолија. Смесата ставете ја во фрижидер на еден час.

     

  2. Со лажица вадете од смесата, во средина ставете парче јагода. Со раце обликувајте топчиња па извалкајте ги во кокосово брашно. Топчињата ставете ги во фрижидер.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка