Вкусен прелиен компир од рерна

Вкусен прелиен компир од рерна

Направете вкусен крем компир од рерна.

Состојки:

  • 600 гр. компир
  • 200 мл. јогурт
  • 100 мл. млеко
  • кашкавал рендан
  • 3 варени јајца
  • 1 јајце за прелив
  • 30 мл. масло
  • зачини

Подготовка:

  1. Се вари компирот околу 20 минути.
  2. Се варат и 3 јајца, додека 4тото се крши во чинија и се мати со јогурт, млеко и малку рендан кашкавал и масло.
  3. Се премачкува тепсија со масло, се лупи компирот и се сече на кругови.
  4. Се редат на дното, се става сол и бибер, па сечени кругови јајца, рендан кашкавал и се завршува со компир.
  5. Се прелива со смесата со јајце, млеко и јогурт и се ренда кашкавал горе.
  6. Се пече на 210 степени 50 минути.

Добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории