Вкусна пита со мед: Десерт кој ќе го правите често

Вкусна пита со мед: Десерт кој ќе го правите често

Вкусна пита со мед, ќе ја обожавате!

Состојки:

  • 600 гр јаболка
  • малку цимет
  • 3 пудинга
  • 750 мл млеко
  • шеќер за пудингот
  • 2 лажици мед
  • 2 кесички ванилин шеќер за пудингот
  • 1/2 кг кори
  • масло

 

Начин на подготовка:

  1. Згответе пудинг со шеќер и ванилин шеќер, па изладете.

     

  2. Јаболката исчистете ги и изрендајте ги. Додајте 2 лажици мед и малку цимет.

     

  3. Намастете плех па ставете 1 кора, намастете, па вторта кора, намастете и ставете јаболка. Така правете со половина од корите.

     

  4. Во средина ставете го целиот пудинг и распоредете. Потоа повторно кори, масло и јаболка. На секоја втора кора ставајте јаболка.

     

  5. Завршете со две празни кори и премачкајте со масло. Исечете со остар нож на коцки и печете 50-55 минути на 180 степени.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка