Супер кремаст прилог: Класичен рецепт за спанаќ за почетници во кујна

Супер кремаст прилог: Класичен рецепт за спанаќ за почетници во кујна

Супер кремаст спанаќ – одличен рецепт.

Состојки:

  • 1 кг свеж спанаќ
  • 20 гр путер
  • 2 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 400 мл млеко
  • 2 лажици брашно

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот исчистете го и измијте го. Гответе го 20 минути, па процедете. Во тава ставете малку масло и путер, па пропржете ситно сечкан кромид, а пред крај додајте и сечкан лук.

     

  2. Спанаќот исечкајте го и додајте го во тавата. Пржете 20 минути со мешање.

     

  3. Измешајте јајце и малку млеко, па посолете. После 20 минути пржење почнете со процес на динстање кој трае 10-15 минути. Смесата со јајце ставете ја во спанаќот и измешајте.

     

  4. Кога убаво ќе се соедини постепено додавајте го останатото млеко и мешајте. Додајте и брашно. После динстањето спанаќот е готов.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка