Шницли во сос од печурки – Домашен рецепт за оцена 10

Шницли во сос од печурки – Домашен рецепт за оцена 10

Вкусни шницли во сос, совршен ручек на трпезата.

Состојки:

  • 1 кг. шницли
  • 1 лажица вегета
  • 200 гр. шампињони
  • 1 морков поголем
  • 1 кромид
  • 50 мл. масло
  • 1 кесе супа од шампињони

Подготовка:

  1. Се ставаат во шерпа шницлите. Се става вегета и вода, да го покрие месото, и се динста на тивок оган, со повремено долевање вода.
  2. Се динста не помалку од еден час.
  3. Се сече кромидот додека месото се вари, се додава масло и малку вода, се динста да омекне кромидот, па се додава ренданиот морков.
  4. По еден час, треба да има многу малку вода, додадете ги исечените и миени печурки и 10 минути со капак, динстајте ги со месото.
  5. Се мати супата од печурки со 300 мл. вода. Се заливаат шампињоните и месото.
  6. Се остава да проврие, па се додава кромидот со морковот и течноста од нив.
  7. Се остава уште кратко да се крчка.
  8. Се служи топло.

Уживајте!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Јадете го ова и кажете му збогум на целулитот

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ