Брз и евтин рецепт: Пикантен француски компир со колбас

Брз и евтин рецепт: Пикантен француски компир со колбас

Пробајте го ова лесно и вкусно јадење. Ќе го обожавате!

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 главица кромид
  • 300 гр колбас Пекабеско
  • 5 варени јајца
  • 2 неварени јајца
  • 2 дл кисела павлака Пекабела
  • малку млеко
  • 200 гр трапист сирење
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Намастете огноотпорен сад, ставете исечкан кромид, од горе наредете ред компири исечкани на кругови, ред колбаси, ред варени јајца. Постапката повторувајте ја додека имате материјал.

     

  2. Разматете 2 јајца и павлака, додајте и малку млеко, посолете и залијте преку компирите. Печете околу 40 минути. Кога компирот ќе добие румена боја, преку ставете рендано сирење убаво да се растопи.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

singlepost_text