Деликатес: Пица со тиквички

Деликатес: Пица со тиквички

Направете пица на посебен начин – со тиквички.

Состојки:

  • 4 тиквички
  • 2 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици масло
  • сол и бибер
  • маргарин и кашкавал

Подготовка:

  1. Се рендата тиквичките и се цедат од вода. Се ставаат со масло на тава и се динстаат кратко.
  2. Се ставаат потоа во сад со јајца и брашно.
  3. Се премачкува тава со маргарин и брашно.
  4. Се става смесата и се остава да се пече со капак 10 минути.
  5. Се крева капакот по 10 минути, се премачкува и горната страна со маргарин и се превртува да се пече 10 минути од другата страна.
  6. Се става горе потоа рендан кашкавал.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Велигденски јајца со ружички

Фарбање јајца со памук

Офарбајте јајца со весници

7 техники за фарбање јајца

Сакате совршено пржени јајца?