Колач со два вида пудинг – Брз и лесен, само редите, печење нема

Колач со два вида пудинг – Брз и лесен, само редите, печење нема

Направете домашен и вкусен пудинг колач.

Состојки:

  • 1 л. млеко
  • 1 ванила пудинг
  • 1 чоколадо пудинг
  • 1/4 маргарин
  • 12 лажици шеќер
  • 21 бисквити

Подготовка:

  1. Се става да зоврие 400 мл. млеко.
  2. Во 100 мл. млеко се разматуваат 6 лажици шеќер и пудинг од чоколадо.
  3. Се става во млекото кога ќе зоврие и се меша.
  4. Се додава 1/4 маргарин кога ќе згусне и се меша да се стопи.
  5. Се ставаат 6 бисквити во правоаголен калап, се става пола врел пудинг. Не е потребно да го мокрите кексот, зошто ќе омекне од пудингот.
  6. Се ставаат пак бисквити горе.
  7. Се ставаат 400 мл. млеко да зовријат, а во 100 мл. се разматуваат 6 лажици шеќер и пудинг од ванила.
  8. Се меша да нема грутки.
  9. Се става ванила сега врз бисквитите.
  10. Се става пак ред бисквити и наизменично пудинг.
  11. Се завршува со бисквити и се остава да се лади.
  12. Може да украсите со шлаг.

Уживајте!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Јадете го ова и кажете му збогум на целулитот

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ