Супер се со макарони: Ќофтиња со доматен сос

Супер се со макарони: Ќофтиња со доматен сос

Направете вкусни ќофтиња во доматен сос.

Состојки:

  • 450 гр. мешано мелено месо
  • 2 јајца
  • 1 ситно сечен кромид
  • 2 чешни ситнет лук
  • 2 лажици презла
  • 1 лажица масло
  • 2 лажички црвен пипер
  • 500 мл. доматно пире
  • 50 мл. масло
  • 3 лажици брашно
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Се сечат ситно кромидот и лукот и се додаваат месото, јајца, презла и лажица масло, сол и бибер. Ставете црвен пипер, па измешајте и ставете во ладилник половина час.
  2. Се става масло на шерпа и се става брашно, доматно пире.
  3. Се прават топчиња од месо, па кога ќе зоврие смесата се ставаат внатре.
  4. Се крчкаат на тивок оган околу 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб