Чоколаден сон – Колач со неверојатен вкус

Чоколаден сон – Колач со неверојатен вкус

Направете вкусен чоколаден колач – чоколаден сон.

Состојки:

  • 8 јајца
  • 1 маргарин омекнат
  • 200 гр. шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 200 гр. чоколадо за готвење
  • 3 дл. млеко ладно
  • 1 л. слатка павлака за горе
  • 400 гр. чоколадо за готвење за горе

Подготовка:

  1. Се матат жолчките пенасто со шеќер, се додава омекнат маргарин со стопено чоколадо и брашно со прашок за пециво.
  2. Се додава и снег од белки, убаво изматен, па цела смеса се меша и се става на плех со хартија.
  3. Се пече 40 минути на 180 степени, па врелиот колач се полива со 3 децилитри ладно млеко.
  4. Се ставаат слатката павлака и чоколадото, се мешаат да се стопи чоколадото и се прелева печениот колач.
  5. Се лади и служи.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

singlepost_text