Веган apple crumble (Видео рецепт)

Веган apple crumble (Видео рецепт)

Традицоналниот колач со јаболка ви препорачуваме да го замните со неодолив крцкав Веган apple crumble колач. Овој рецепт на dm е изработен во соработка со познатиот готвач од Србија, Филип Ќириќ:

Состојки:

  • 280 гр пченично брашно
  • 180 гр маргарин
  • 180 гр кокосов шеќер
  • 60 гр dmBio овесни снегулки
  • 4 јаболка
  • 230 мл dmBio сируп од агаве
  • 120 гр светол путер од бадеми
  • 10 гр dmBio цимет

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете го пченичното брашно. Додадете ги маргаринот и кокосовиот шеќер. Со раце измешајте ја смесата. Додадете ги овесните снегулки и повторно со раце измешајте ја смесата.
  2. Излупете ги јаболката, исечкајте ги на ситни коцкички, па ставете ги во сад за да се динстаат. Во садот со јаболка додадете ги dmBio сирупот од агаве, светлиот путер од бадеми и цимет и измешајте.
  3. Со претходно подготвената смеса прелијте ги јаболката. Печете во рерна 40 минути на 180 °C.

На здравје!

Во маркетите на dm се достапни повеќе од 500 производи од сегментот на органска храна. Целата понуда во сегментот на органска исхрана е достапна ТУКА

Прочитајте повеќе dm веге рецепти на Gotvi.mk:

[ВИДЕО рецепт] Веганско крем сирење

Полнет сладок компир (ВИДЕО рецепт)

Вегански Mac & Cheese

Веге колач од овесна каша

ВИДЕО: Веган empanadas






singlepost_text