Зелени палачинки со спанаќ

Зелени палачинки со спанаќ

Вкусни палачинки со спанаќ, одлични за доручек.

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 3 јајца
  • 300 мл млеко
  • 100 мл слатка павлака
  • 150 гр спанаќ
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица сечкан босилек
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр сирење
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот кратко бланширајте го во посолена вода, изладете во ладна вода, добро исцедете го и исечкајте.
  2. Разматете јајца и павлака, па мешајќи додајте брашно и млеко.

     

  3. Кога ќе добиете густа смеса за палачинки без грутки, лесно посолете па додајте биебр, подготвен спанаќ, босилек, магдонос, изгмечен лук, иситнето сирење и добро измешајте.

     

  4. Земајте од смесата и печете палачинки на загреано масло.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка