Тајна состојка за највкусната салата од краставици

Тајна состојка за највкусната салата од краставици

Ако во салатата од краставици додадете екстракт од лимон, таа ќе биде повкусна и ќе има силен цитрусен вкус.

Состојки:

  • 3 големи краставици
  • 150 мл оцет
  • 6 лажици бел шеќер
  • 1 лажичка екстракт од лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Краставиците добро измијте ги и исечкајте ги на мали парчиња. Во посебен сад измешајте оцет, шеќер, екстракт од лимон, сол и бибер.

     

  2. Течноста прелијте ја преку краставиците. Поклопете и ставете во фрижидер вусовите да се соединат, барем два часа, а најдобро преку ноќ.

     

  3. Послужете ја салатата изладена со јадење по желба.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка