Француски рецепт: Брз и вкусен ручек

Француски рецепт: Брз и вкусен ручек

Ручек во кој ќе уживате!

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 200 гр печурки
  • 1 веза магдонос
  • 400 гр пилешко месо
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло
  • 30 гр кикирики
  • 100 мл бело вино
  • темјан
  • 200 мл павлака за готвење
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1 лажица сенф
  • 3 шери домати

Начин на подготовка:

  1. Посолете пилешко, побиберете и извалкајте во маслиново масло. Пржете додека не добиете златно жолта боја. Оставете го месото на страна. Издинстајте кромид, па печурки. Поклопете да пуштат сок. Посолете и побиберете, додајте издробени кикирики. 
  2. Додајте бело вино, лук и темјан. Ставете павлака за готвење, сенф и магдонос. Динстајте додека состојките не се соединат. Вратете го месото и додајте шери домати.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка