[ВИДЕО рецепт] Веганско крем сирење

[ВИДЕО рецепт] Веганско крем сирење

Навистина вкусен и здрав рецепт за веганско крем сирење, кој се прави брзо и многу едноставно. Овој рецепт на dm е изработен во соработка со познатиот готвач од Србија, Филип Ќириќ:

Состојки:

  • 150 dmBio индиски ореви
  • 250 мл ладна вода
  • 1/4 лажичка мелена кајен пиперка
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • 10 гр сув квасец
  • dmBio морска сол со зачини
  • 30 мл dmBio сок од лимон
  • dmBio италијански зачин
  • dmBio маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги индиските ореви во чинија и прелијте ги со ладната вода. Оставете ги да отстојат 30 минути. Исцедете ги и сочувајте ја водата во која биле потопени.
  2. Во блендер ставете ги индиски ореви. Додадете ги мелената кајен пиперка, лукот во прав, сувиот квасец, морската сол со зачини, сокот од лимон, како и dmBio италијанскиот зачин. Ставете и 5 лажици од водата во која претходно беа потопени индиските ореви.
  3. Изблендирајте со рачен блендер.
  4. Намачкајте еден сад со dmBio маслиново масло. Ставете го намазот во садот. Потоа покријте го со друга чинија, превртете го и протресете го. Зачинете по вкус со dmBio италијански зачин.
  5. Ставете ги dmBio крекерите, dmBio грицките и чипсот од леблебија во посебна чинија.

На здравје!

Во маркетите на dm се достапни повеќе од 500 производи од сегментот на органска храна. Целата понуда во сегментот на органска исхрана е достапна ТУКА

Прочитајте повеќе dm веге рецепти на Gotvi.mk:

Полнет сладок компир (ВИДЕО рецепт)

Вегански Mac & Cheese

Веге колач од овесна каша

ВИДЕО: Веган empanadas