Пица со фил од пилешко месо и сирење

Пица со фил од пилешко месо и сирење

Вкусна пица со фил од пилешко месо.

Состојки:

  • пилешки гради
  • 2 лажици путер или маргарин + малку за премачкување
  • 2 чешниња ситно сечкан лук
  • 2 лажици сечкан млад кромид
  • 1/2 лажичка сув босилек
  • подлога за пица или домашно тесто
  • 2 сечкани домати
  • 20 гр сечкан магдонос
  • 50 гр рикота сирење
  • 25 гр рендан пармезан

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради ставете ги во тенџере и налејте вода. Оставете да зоврие, па гответе 20 минути. Процедете, па изладете, а потоа исечкајте го месото. Во посебен сад растопете путер или маргарин со лук, кромид и босилек. Кога ќе се растопи, префрлете во изладен сад и ставете во фрижидер.
  2. Загрејте ја рерната на 180 степени. Поставете подлога во плех, а потоа премачкајте ја со растопен маргарин или путер. Преку тоа распоредете парчиња пилешко, а потоа посипете рикота сирење. Завршете со парчиња домати, магдонос и пармезан. Печете околу 15-20 минути во загреана рерна, односно додека краевите не добијат убава, браун боја.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Зеленчукова супа

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

Мисиркина супа со јајце

Пролетна супа

Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Крем чорба од тиква и компири

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

Царот на овошните сокови: Зошто треба да пиете сок од јаболка?

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот