Палачинки со печурки и пилешко месо

Палачинки со печурки и пилешко месо

Одлични поховани палачинки со печурки и пилешко месо.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 100 мл кисела вода
  • 300 мл мелко
  • 2 лажици растопен путер
  • 250 гр брашно
  • малку сол
  • малку шеќер
  • 500 гр пилешки гради
  • 300 гр шампињони
  • 1 јајце за фил

Начин на подготовка:

  1. Направете палачинки од јајца, кисела вода, млеко, растопен путер, малку сол, шеќер и брашно. Од смесата ќе добиете 10 палачинки.
  2. Пилешкото месо сварете го, па добро иситнете го со нож. На малку масло продинстајте го месото, додајте ситно сечкани печурки, малку бибер и зачини од сушено овошје.
  3. Откако издинстаното месо ќе го тргнете од рингла, измешајте  едно јајце. Филот ставајте го на палачинките, свиткајте ги, извалкајте ги во брашно, јајца и презла и пржете ги на масло.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text