Уштипци полнети со кашкавал: Вечера за целото семејство

Уштипци полнети со кашкавал: Вечера за целото семејство

Послужете ги топли со нешто сувомеснато и омилениот млечен производ.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 150 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 прстофат сол
  • 125 мл млеко
  • 125 гр кашкавал
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете брашно, додајте прашок за печиво, сол и измешајте. Направете вдлабнатина на средина, додајте разматено јајце, 4 лажици млеко и измешајте. Потоа, налијте го останатото млеко и замесете густо тесто.

     

  2. Додајте рендан кашкавал и замесете. Земете по малку смеса, со дланки обликувајте топчиња и пржете ги во загреано масло. Ставајте ги на хартиени салфети за да се исцеди вишокот маснотија.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула