Без капка масло: Домашна крем чорба од зеленчук и пилешко

Без капка масло: Домашна крем чорба од зеленчук и пилешко

Вкусна домашна чорба без капка масло.

Состојки:

  • 300 гр бело пилешко месо
  • 2 моркови
  • 1 корен магдонос
  • 1 пашканат
  • 2 компири
  • 1 помала главица карфиол или брокула
  • 200 мл павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Исчистениот и измен зеленчук (освен карфиол/брокула) и пилешкото исечкано на коцки ставете ги во лонец ладна вода.

     

  2. Гответе додека не зеленчукот не омекне, а потоа додајте сол и зачини и ставете карфиол/брокула, па гответе уште десетина минути.

     

  3. Добро измиксајте во блендер и вратете на шпорет. Додајте павлака за готвење и уште еднаш кратко зовријте.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки