Пица од стар леб – Нема месење и мака

Пица од стар леб – Нема месење и мака

Вкусна пица од стар леб, наместо да се фрли, ќе добиете деликатес.

Состојки:

  • неколку кришки стар леб
  • 2 јајца
  • 1 дл. млеко
  • 1/2 дл. масло
  • 1 шолја рендан кашкавал
  • 100 гр. шунка
  • 10 маслинки
  • 1-2 домати
  • 1 дл. доматно пире
  • оригано, бибер и сол

Directions

  1. Place your list items here

Подготовка:

  1. Се матат јајца во чинија со млеко и масло. сол, бибер и оригано.
  2. Се сече лебот на коцки и се додава во јајцата, се меша и остава да впие лебот.
  3. Се сече доматот на коцки и се додава доматното пире во него.
  4. Се загрева рерна на 250 степени.
  5. Се рааспоредува рамномерно лебот во тепсија, како подлога за пица.
  6. Се става 5 минути во рерна да фати кора.
  7. Се вади тепсијата и се става доматот, се премачкува убаво, се става шунка, кашкавал, сечени маслинки, оригано, бибер и сол.
  8. Се враќа во рерна 10 минути да се запече.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки