ВИДЕО: Веган empanadas

ВИДЕО: Веган empanadas

Вкусниот специјалитет во одлична веган варијанта. Еве го рецептот кој е изработен во соработка со познатиот готвач од Србија, Филип Ќириќ:

Состојки:

  • 600г брашно од крупник
  • 4 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 кесичка dmBio прашок за печиво
  • 200 г маргарин
  • 60 мл dmBio напиток од ориз
  • 30 г праз
  • 40 г зелена пиперка – бабура
  • 150 г компир
  • 50 г снегулки од соја
  • 100 мл топла вода
  • 70 мл dmBio маслиново масло
  • 1/2 лажичка ким
  • 1,5 лажичка мелена пиперка
  • 1/6 лажичка кумин
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1,5 лажичка сол
  • 1 лажица dmBio доматен сос
  • 1/2 л dmBio сончогледово масло
  • dmBio доматен сос

Начин на подготовка:

  1. Во чинија сипете 600г брашно од крупник. Додадете ги солта, шеќерот, праокот за печиво и помешајте ја смесата.
  2. Додадете го маргаринот и со раце соединете ја смесата. Додадете го напитокот од ориз и мешајте додека да се соедини. Смесата за тесто замотајте ја во проѕирна фолија и ставете ја во фрижидер.
  3. Празот, зелената пиперка и излуениот компир исечкајте ги на ситни парчиња.
  4. Во чинија ставете ги снегулките од соја и прелијте ги со топлата вода.
  5. Испржете ги празот и пиперката на маслиновото масло. Додадете го исечканиот компир и пропржете. Додадете го кимот, како и снегулките од соја. Ставете ја и мелената пиперка, куминот, лукот во прав, солта, доматниот сос, додатете 2 лажици вода и убаво промешајте.
  6. Смесата сипете ја во чинија. Тестото извадете го од фрижидерот и посипете го со малку брашно од крупник. Одвојте малку тесто и со прсти направете круг. Ставете го филот во средина.
  7. Поклопете и со прсти залепете ја емпанадата. Повторете го ова се додека имате тесто и смеса за полнење.
  8. Загрејте го сончогледовото масло и испржете ги емпанадите. Ставете ги на хартија да се впие вишокот масло. По вкус посипете ги со мелена пиперка. Сервирајте ги со dmBio доматен сос.

На здравје!

Во маркетите на dm се достапни повеќе од 500 производи од сегментот на органска храна. Целата понуда во сегментот на органска исхрана е достапна ТУКА

Прочитајте повеќе dm веге рецепти на Gotvi.mk:

Вегански Mac & Cheese

Веге колач од овесна каша