Нема да забележите разлика: Рецепт за посни ќофтиња во доматен сос

Нема да забележите разлика: Рецепт за посни ќофтиња во доматен сос

Послужете ги со посни тестенини, варен компир или ориз.

Состојки:

  • 220 гр ореви
  • 2 парчиња леб
  • 3 лажици маслиново масло
  • вода по потреба
  • 2 чешниња лук
  • сув зачин
  • бибер
  • зачини по желба
  • 1 главица кромид
  • 500 мл пасирани домати

Начин на подготовка:

  1. Во блендер иситнете ореви, па ставете ги во сад. Потоа во блендерот ставете леб и изгмечен лук. Иситнете и додајте во оревите. Ставете маслиново масло, вода и зачинете. Соединете ја смесата и направете ќофтиња. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени половина час. После 15 минути свртете ги.

     

  2. Во тенџере ставете маслиново масло, па додајте сечкан кромид кога маслото ќе се загрее. Додајте пасирани домати. Кога ќофтињата ќе бидат готови додајте ги во врелиот доматен сос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки