Солен ролат од спанаќ и сирење

Солен ролат од спанаќ и сирење

Солен ролат од спанаќ и сирење готов за миг. Вашата трпеза ќе заблеска!

Состојки:

  • 150 гр спанаќ или блитва
  • 5 јајца
  • 5 лажици млеко
  • 5 лажици масло
  • 100 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • бибер
  • 200 гр кашкавал

Состојки за премачкување:

  • 5 лажици кисела павлака
  • 1 лажица мајонез
  • прстофат сол
  • 1 лажичка куркума
  • листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. Исечете спанаќ на резанки. Разматете белки пенасто, додајте жолчки. Измешајте лесно масло, млеко, сол, бибер, брашно и прашок за печиво па додајте спанаќ. Печете на хартија за печење, во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. На врелата кора ставете изрендано сирење, добро свиткајте и оставете да се излади. Измешајте павлака, мајонез, сол, куркума, па премачкајте преку ролатот. Од горе можете да нарендате сирење и украсете со магдонос. Може да се сече веднаш.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство