Пилешки ражничи на поинаков начин

Пилешки ражничи на поинаков начин

Пилешки ражничи на поинаков начин.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 80 мл млеко
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажичка зачини за пилешко месо
  • бибер
  • 300 гр пилешко бело месо
  • презла по потреба
  • 5 стапчиња за ражничи
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, додајте млеко, сенф, зачини за пилешко, сув зачин, побиберете по вкус и сѐ измешајте (потопете го месото во смесата).
  2. Земете ражничи, набодете пилешко и подготвените ражничи извалкајте ги во презла. Пржете ги на загреано масло додека не поруменат од двете страни. Ставете ги на хартиени салфети за да се исцедат од вишокот маснотии.

Добар апетит!