Здрава и вкусна салата.
Состојки:
- 100 гр чаден лосос
- 2 компири
- 1 помала главица цвекло
- 2 кисели јаболка
- 1 јајце
- 1 лажичка рен
- 200 гр свежо сирење
- лимон
- сол
Начин на подготовка:
- Компирите и цвеклото згответе ги во лушпа и оставете ги да се изладат. Сварете го и јајцето. Чадениот лосос иситнете го. Јаболката и цвеклото излупете ги и исечкајте ги на коцки.
- Во чинија измешајте свежо сирење и рен, изрендана кора од лимон и сок од лимон.
- Измешајте ги и останатите состојки и послужете со листови зелена салата, варено јајце и тост леб.
Добар апетит!