Чипс од банани

Чипс од банани

Здрав чипс од банани, брза и лесна подготовка.

Состојки:

  • 3 банани
  • 150 гр кафеав шеќер
  • прстофат морска сол
  • прстофат бибер

Начин на подготовка:

  1. Измешајте морска сол, бибер и кафеав шеќер. Исечкајте излупени банани на тенки кругови. Секој круг извалкајте го во смесата па наредете во плех покриен со хартија за печење.
  2. Банана чипсот печете го во рерна загреана на 190-200 степени околу 15-20 минути.

Уживајте!

singlepost_text