Кремави тестенини со сос од пиво и печурки

Кремави тестенини со сос од пиво и печурки

Направете вкусни тестенини со пиво и печурки, една совршена комбинација.

Состојки:

  • 250 гр. тестенини
  • 400 гр. печурки
  • 1 лажица суви печурки
  • 1 кромид
  • 2,5 дл. темно пиво
  • 100 гр. димена сланина
  • 1 лажица брашно
  • 1 дл. кисела павлака
  • масло, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се варат тестенини во солена вода и се цедат.
  2. Се сече сланината на коцки и се пржи во тава додека стане крцкава, па се вади и цеди на салфета, а во истата маснотија се пржи сечениот кромид и сечените печурки.
  3. Се ставаат зачини, брашно, се меша и се става пивото полека, со мешање.
  4. Кога ќе згусне се гаси ринглата и се додава павлаката.
  5. Се меша убаво, се додаваат и сварените и цедени тестенини.
  6. Се сервираат со сланината горе.

🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

 

singlepost_text