Само измешајте ги состојките и испечете: Посен колач со гриз и овошје

Само измешајте ги состојките и испечете: Посен колач со гриз и овошје

Доколку постите, задолжително пробајте го овој рецепт!

Состојки:

  • 120 гр гриз
  • 120 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 120 гр посен маргарин
  • 2 рендани крушки
  • 200 гр смрзнато овошје (малини, вишни, јагоди…)
  • 1 лажичка цимет
  • 100 гр суво грозје
  • 1 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Во чинија просејте брашно и прашок за печиво, додајте гриз и измешајте. Додајте рендани исцедени крушки, смрзнато овошје, цимет, растопен маргарин, шеќер, суво грозје и добро изедначете.

     

  2. Масата изгледа малку сува но така треба да биде. Намастете помал плех и посипете со брашно, па ставете ја масата и израмнете. Печете на 200 степени околу еден час.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки