Посни штанглици со чоколадо

Посни штанглици со чоколадо

Направете вкусни посни штангли за постот.

Состојки:

  • 400 гр. посни бисквити
  • 200 гр. мелени ореви
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 150 гр. маргарин посен
  • 100 гр. чоколадо посно
  • 30 мл. сок од портокал
  • 300 гр. посна слатка павлака
  • 200 гр. бело посно чоколадо
  • 100 гр. црно чоколадо посно
  • 2 лажици масло

Подготовка:

  1. Се соединуваат мелени бисквити со мелени ореви, шеќер во прав, маргарин, чоколадо (100 грама) и сок од портокал.
  2. Се ставаат на дно на плех.
  3. Се мати слатката павлака и се додава стопено бело чоколадо.
  4. Се става врз подлогата и се остава да се лади.
  5. Се топи црното чоколадо и се меша со масло, се прелива врз колачот, се лади пак и се служи.

Добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории