Без квасец и чекање да отстои: Еве како се прават најдобрите лепињи

Без квасец и чекање да отстои: Еве како се прават најдобрите лепињи

Сите сакаат врели лепињи, направете ги по овој рецепт и уживајте!

Состојки за тесто:

  • 200 мл кефир на собна температура
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка оцет
  • 1/2 лажичка сол
  • 20 мл масло
  • 2 јајца
  • 430 гр брашно

Состојки за фил:

  • 280 гр сирење
  • 2 јајца
  • бибер

Состојки за премачкување:

  • 50 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Измешајте кефир и сода бикарбона, па додајте шеќер и сол. Измешајте. Потоа додајте јајца и просеано брашно, измешајте малку со лажица, па ставете масло. Убаво соединете со лажица, па тестото префрлете го на побрашнета површина и замесете. Поделете го тестото на осум делови и обликувајте топчиња.

     

  2. Изренданото сирење измешајте го со јајца и бибер, па соединете. Растегнете топче малку со прсти, па ставете сирење во средина и обмотајте го тестото околу. Повторно растегнете да добиете лепиња.

     

  3. Ставајте една по една лепиња во сува тава и поклопете. Печете ја едната страна, па свртете од другата. Готовите лепињи премачкајте ги со путер.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Гурман“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта