Вегански Mac & Cheese

Вегански Mac & Cheese

Одличен рецепт на dm маркети со кој ќе приготвите вкусна веганска варијанта на популарниот „Mac & Cheese“. Еве го рецептот:

Состојки:

  • 150 г dmBio тестенини од крупник
  • вода
  • 150 г dmBio индиски ореви
  • 170 г тиква
  • 30 г dmBio кокосово масло
  • 2 dmBio коцки за супа
  • 1/2 лажичка мелена црвена пиперка
  • 1/2 лажичка dmBio куркума
  • 30 мл dmBio сок од лимон
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1,5 лажица сув квасец
  • dmBio бибер во зрно
  • dmBio ким

Начин на подготовка:

  1. Во сад за готвење ставете 1,5 л вода. Додадете ги dmBio тестенини од крупник и оставете ги да се сварат според упатството. Исцедете ги сварените тестенини и снаредете ги во огноотпорен сад за печење.
  2. Во длабока чинија ставете ги dmBio индиските ореви. Прелијте ги со 250 мл вода и оставете да отстојат околу 30 минути. Потоа исцедете ги.
  3. Изрендајте ја тиквата и ставете ја во чинија за блендирање.
  4. Додадете ги претходно потопените, па исцедени индиски ореви, како и dmBio кокосовото масло, коцките за супа, мелената црвена пиперка, куркума, dmBio сокот од лимон, лукот во прав и сувиот квасец
  5. Во друг сад ставете ги dmBio биберот во зрно и кимот и издробете ги. Потоа додадете ги во чинијата за блендирање заедно со останатите состојки.
  6. Доколку е потребно, додадете од водата во која беше потопен индискиот орев за да ја направите смесата мазна.
  7. Изблендирајте со рачен блендер
  8. Прелијте ги тестенините со смесата. Печете на 250 степени 20 минути.

На здравје!

Во маркетите на dm се достапни повеќе од 500 производи од сегментот на органска храна. Целата понуда во сегментот на органска исхрана е достапна ТУКА

singlepost_text