Посна слатка зелка: Направете вкусен ручек

Посна слатка зелка: Направете вкусен ручек

Предлог за посен ручек.

Состојки:

  • 1 главица зелка од 1 кг
  • 1 компир
  • 2 моркови
  • малку корен целер
  • 1 веза млад кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 зелена пиперка, може и лута
  • 200 мл готвен домат или 1 кг свеж
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица домашен ајвар
  • 1 лажичка зачинска пипер
  • сув зачин
  • сол
  • маслиново масло
  • листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. Зелката исечкајте ја на коцки, па половина наредете во тенџере, ставете исечкани компири, моркови, коцки и листови целер, млад кромид и зелена пиперка. Ставете до половина од тенџерето вода, поклопете, гответе на тивок оган. Пред крај ставете готвен домат.

     

  2. Во тава загрејте масло, додајте брашно, па малку пропржете. Потоа додајте зачинска пипер и ајвар. Се лесно измешајте. На крај посолете и додајте сечкан магдонос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text